la-table-kineti-2

Не би можел да замислам многу ситуации кога ваква масичка за кафе би била корисна во нашите домови, но сигурно би било кул да ја имаат кафулињата или пак компаниите за малку поразлични презентации. Да, оваа модерно дизајнирана клуб масичка има вграден Windows 10 компјутер со огромен 42 инчен дисплеј на допир.

За среќа, масата може да се подеси под агол, што ја прави делумно корисна за гледање видеа или пак за Skype конференции, но за 4.997 евра, колку што чини Kineti, реално може да се купи супер моќен лаптоп, огромен телевизор и пак да потрошите помалку. Сепак, ефектот кој го има оваа маса е сигурно кул – замислете како пиете кафе, а под него врти спот на еден од вашите омилени пејачи… Добро, може ова и не е многу кул, но ете, Kineti ја има таа можност.

kinect-pc

Во внатрешноста се наоѓаат инаку прилично стандардни компоненти – Core i5 процесор со 8 GB рам и 120 GB SSD диск. Дисплејот има резолуција од 1920х1080 пиксели, што веројатно не е доволно за дисплејот да биде остар кога ќе го гледате одблизу, но барем е водоотпорен и нема да мора да се грижите дека ќе ви се истури некоја чаша на него.

На крај, сето ова веројатно би можело да биде постигнато и со некој мобилен оперативен систем. Windows 10 има премногу можности за да биде вграден во уред со ограничено користење – тука Android веројатно би завршил најдобра работа…

Извор: Windows Central, WinBeta, Slash Gear

Претходна статијаПрестанува производството на Blackberry Classic
Следна статијаВодич за купување на телефон – дел 1 – висока класа