lenovo-yoga9000

Кинескиот производител на лаптопи, стана особено познат по лансирањето на Yoga серијата, која со иновативниот дизајн и можноста да се користи како таблет, се покажа како исклучително популарна кај корисниците. Новиот модел од линијата со 13,3 инчен дисплеј има неколку подобрувања во однос на претходникот, а тука пред се новите Skylake процесори од “i” серијата, кои се многу помоќни од Core M процесорите што се вградуваа во претходникот.

Исто така, претходниот модел не само што имаше процесори кои не беа претерано моќни, имаше и многу кратко траење на батеријата, од околу 7 часа. Сето ова треба да е подобрено во новиот модел, кој има и поголема батерија и треба да трае 9 часа со едно полнење. Поради тоа, новиот модел е малку потежок – 1.27 килограми, но и натаму е еден од најлесните во сегментот. Всушност, со дебелина од само 14,9 милиметри, ова е најтенкиот таблет/лаптоп со чип од Core “i” серијата.

lenovo_yoga_900_left_detail_oct_2015-100622704-large

За разлика од порано, сега понудата на модели почнува со Core i5 процесор, 256 GB SSD диск за складирање податоци, како и 8 GB рам меморија, што во превод значи дека за високи перформанси, нема да мора да доплаќате за поскапите модели. За оние кои работат со потешки програми, достапни се и Core i7 процесори и максимум 16 GB рам меморија, што е рамо до рамо со најдобрите лаптопи во сегментот.

Сепак, главната причина поради која се купува еден Yoga лаптоп е екранот кој може целосно да се сврти за да се користи како таблет. Ваквиот систем е веројатно најкорисен од сите конкурентни на пазарот, бидејќи уредот може лесно да се користи и како лаптоп, во скут, за разлика од на пример Surface Pro серијата на Microsoft, која е малку понезгодна во такви ситуации, но исто така има и други можности за поставување на маса кога сакате да го користите само дисплејот на допир или да гледате видеа и филмови.

Close-up-of-watchband-hinge-on-YOGA-900-1280x721

Кај Yoga 9000, Lenovo ја има подобрено и „шарката“ со која се отвара дисплејот, а која има специјален метален механизам кој личи на метално ремче за часовник со 800 делчиња и која сега многу поцврсто го држи дисплејот. Кога сме веќе кај него, тој има големина од 13,3 инчи и одлична резолуција од 3200х1800 пиксели и секако работи и на допир. Не помалку важно за новинарите како нас, подобрена е и тастатурата, која сега има 6 хоризонтални редови на веќе многу пати наградуваните Lenovo копчиња.

YOGA-900-Image-2-1280x853

Цената на новиот Lenovo Yoga 9000 изнесува 1200 долари за почетниот модел, што на прв поглед делува повеќе во однос на конкуренцијата, но тука почетниот модел сепак доаѓа со Core i5 процесор. Секако, новата Yoga е опремена со Windows 10 оперативниот систем.

Претходна статијаSamsung Galaxy S7 ќе има рамка од магнезиум, пристигнува во Јануари?
Следна статијаНаучниците можеби пронајдоа доказ за вонземска суперструктура