Поради делумно комплицираниот процес на поврзување на паметните телефони и останатите паметни уреди со стерео системите и потребата од кабли од најразличен вид, полека самата употреба на овие музички системи во поново време се сведе на фаќање прашина по домовите. Па така, компанијата Motorola e една од првите која го препозна овој тренд и која ја увиде потребата за безжично поврзување помеѓу паметните уреди и конвенционалните стерео системи.
Уредот Moto Stream, поседува карактеристика која може на било кој звучник или стерео уред да му овозможи безжично поврзување со паметните уреди кој имаат можност да емитираат музика.
Moto Stream функционира на тој начин што се поврзува со конвенционалните стерео уреди преку 3,5 mm аудио приклучок, а истиот се напојува преку micro USB приклучок. Уредот е компатибилен со мобилни уреди кој работат на iOS, Android или Windows оперативните системи. Димензиите на Moto Stream изнесуваат 57 x 60 x 69 mm, а неговата тежина е само 100 g. На него истовремено преку Bluetooth може да се поврзат до 5 мобилни уреди чии безжичен обсег е околу 100 метри. Дополнително на ова, било кој од поврзаните уреди може да има контрола врз нивото на гласност или песната која моментално свири, карактеристика која компанијата ја нерекува Heist Mode.
Функционалноста на Moto Stream оди дотаму што тој може да биде поврзан со аудио верзија од медиуми како што се Nexus Q или Apple TV. Иако ова не е првиот ваков производ кој овозможува безжично пренесување и емитирање музика, неговиот уникатен дизајн и шарен изглед, заедно со својата ниска цена (50$), е доволно интересен да ги примами повеќето љубители на музиката.
Извор : Gizmag