Познатиот Џон Просер излезе со „рендери“ од нов MacBook Air кои се направени на основа на слики до којшто има дојдено преку неговите извори. Со цел зачувување на анонимноста на изворите, се објавуваат овие рендери, наместо сликите кои наводно доаѓаат од Apple.
Без разлика на изборот, информациите одат во правец на нешто што е логично да се очекува, а тоа е нов изглед на MacBook Air во правецот на новите iMac компјутери кои дојдоа со мали рамки околу екранот и одличен избор од повеќе бои.
Според Просер, MacBook Air ќе ги добие истите карактеристики, односно корисниците ќе можат да изберат уред во боја, а во овој случај ќе има и достатни бои кои ги нема кај iMac.


Исто како и кај iMac, екранот ќе има мала и бела рамка, а исто така од сликите може да се види дека бели ќе бидат и копчињата на тастатурата која треба да биде направена во стилот на новите тастатура кои доаѓаат со новите iMac компјутери.
Од сликите може да се види и промена во долниот дел од лаптопот, па наместо четири гумички, поставени треба да бидат две гумени ленти. Со ова треба да се овозможи дополнителна стабилност на уредот, како и заштита од лизгање.
Уште една работа која се најавува за новите MacBook Air е дека тие треба да дојдат со новата генерација од чипот на Apple, М2. Првиот чип од Apple, М1, досега се покажува одлично на тестирањата, а скоро и да нема конкуренција ако се стави во иста категорија со останатите чипови достапни на пазарот.