HyperAdapt, патиките инспирирани од познатиот филм „Враќање во иднината“ ќе почнат да се продаваат од 28-ми ноември. За жал, тие ќе бидат достапни само во многу мал број на Nike продавници во САД, а и таму ќе може да се купат само со претходна резервација.

Овие патики се првите комерцијални патики кои доаѓаат со вграден механизам кој автоматски ја врзува патиката, а нивото може дополнително да биде прилагодено. За разлика од првиот ваков модел, овие не се направени да изгледаат како патиките од филмот.

Претпоставуваме дека искуството на корисниците ќе биде клучно за тоа дали вакви патики ќе станат дел од стандардната понуда на Nike во целиот свет.

Ние дефинитивно би купиле патики со ваков механизам, нешто што би скратило многу секунди пред секое излегување.

Извор: Engadget

Претходна статијаСеверна Кореа има само 28 регистрирани веб страни со нивниот .kp домејн
Следна статијаColoro – интересна Android игра за тренирање на мозокот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.