abcd

Производителот на процесори Intel откако комерцијално ги претстави своите нови процесорски адути за гејмерската публика, овојпат вниманието го сврте кон својата нова линија серверски чипови Xeon E5-2600 v3. Крајната цел на компанијата со новата серија е да се автоматизираат и модернизираат центрите за податоци.

Оваа трета генерација на чипови базирани токму на супериорната архитектура Haswell ќе ја замени претходната наречена Romley.

Со оваа подобрена технологија серверите ќе работат значително подобро од претходно, а од Intel секако ветуваат побрзи перформанси со помала потрошувачка на енергија. Серверите меѓусебно ќе комуницираат многу побрзо што исто така ќе донесе севкупно подобрување во перформансите на центрите за податоци.

chipsstuff-640x353

Сето ова како што велат од компанијата е благодарение на подобрувањата во вмрежувањето, процесорот, просторот и меморијата.

Третата генерација Xeon E5-2600 ќе работи на максимални 3.7 гигахерци а чиповите нудат и комбинирана поддршката за 40 GB ethernet, додека побрзата DD4 ја заменува постарата меморија DD3. Со ова чиповите ќе трошат 35 отсто помалку енергија.

Од Intel со спојување на двете технологии сакаат поголемо парче од колачот на овој пазар. Ова претставува директна закана за останатите ривали. Компании како AMD, AppliedMicro кои со своите ARM сервери исто така нудат комбинирана поддршка за ethernet и DDR4 ќе имаат уште потешка задача да се натпреваруваат со Intel.

Извор: ComputerWorld

Претходна статијаПовеќе од 10 милиони iPhone 6 уреди продадени во првиот викенд од продажбата
Следна статијаКонтролирајте го вашиот десктоп со камерата на вашиот паметен телефон