Exynos-7-Octa_216-640x480

Најновиот процесор на Samsung прави голем исчекор пред конкурентот на Qualcomm, со големина на транзисторите од 14nm, која ќе овозможи подобрувања во перформансите и штедливоста во однос на главниот конкурент во производството на мобилни чипови.

Exynos 7 ќе биде 64-битен мобилен процесор, со 8 big.LITTLE јадра, односно комбинација од четири Cortex A57 јадра, наменети за потешките задачи и четири Cortex A53 јадра, наменети за полесните задачи и за заштеда на енергија. Сепак, ова се карактеристики кои веќе ги има чипот со големина на транзисторите од 20nm, кој се вградува во Galaxy Note Edge и некои варијанти на Galaxy Note 4.

Намалувањето на димензиите на транзисторите овозможува 20% подобри перформанси и дури 35% намалена потрошувачка на енергија, односно цели 30% подобрување во однос на продуктивноста. Иако се уште немаме информации за брзината на новиот процесор, за очекување е да биде над 2,5 Ghz за Cortex A57 јадрата. Графичката картичка која ќе се вградува во чипсетот е добро познатата Mali-T760 од Note 4, иако според некои информации, истата е можно да биде подобрена во овој модел.

Новиот начин на производство на процесорите на Samsung ја користи FinFET технологијата, која користи специјални перки од силикон, кои ја зголемуваат површината и овозможуваат вградување на помали транзистори. Intel, најголемиот производител на процесори за лаптопи и десктоп компјутери, веќе користи ваква технологија уште од 2012 година.

Новиот Exynos 7 ќе се вградува во новиот Galaxy S6, каде дури се очекува целосно да го исфрли од употреба најдобриот чип на Qualcomm, Snapdragon 810, а поради проблемите со загревањето на истиот.

Извор: GSMArenaARSTechnica

Претходна статијаApple има откажано одредени здравствени функции од Apple Watch поради нивна недоследност
Следна статијаVaio лаптопите се враќаат на сцената со два нови модели