Загреб, 19 септември, 2016. – Падот на продуктивноста е забележен во многу компании во Европа и во светот, на пример, според Министерството за труд на САД, во текот на вториот квартал од 2016 година продуктивноста во таа држава е намалена за 0,6 проценти.1 Додека продуктивноста паѓа, организациите бараат начини да ја задржат оперативната делотворност. Едноставната технологија им помага на вработените да ги елиминираат долготрајните рачни процеси и да ги подобрат деловните процедури. Новите подобрувања на скенерот Xerox DocuMate® 3125 им овозможуваат на организациите дигитализација на важните информации и автоматско проследување до соодветна служба или вработен, со што се подобрува текот на работата и продуктивноста.
Скенерот Xerox DocuMate 3125 е побрз од својот претходник. Со брзината од 40 страници во минута и 70 слики во минута двострано, како и со автоматскиот вовлекувач за 50 листови, вработените може брзо да ги претворат дописите, картичките и обрасците во дигитален облик. Големите брзини на скенирање и малиот „footprint“, т.е. малите димензии на уредот го прават DocuMate 3125 идеално решение за малите и големите претпријатија , како и за домашните канцеларии.
Уредот му овозможува на корисникот и зачувување на документите на работната површина или зачувување во облакот само со еден клик. На пример, осигурителна компанија може едноставно да ги скенирања барањата и да ги проследи понатаму на решавање. Овие одлики ги отфрлаат заморните мануелни задачи, со што на вработените им се дава повеќе време за да се фокусираат на попрофитабилните задачи.
„Бидејќи дигитализацијата влијае на секоја индустрија, пронаоѓањето решенија за дигитализација на документите станува се поважно за работењето на претпријатијата“, рече Волт Тхинфен, претседател и директор на компанијата Visioneer®, којашто ги произведува и продава скенерите Xerox DocuMate. „Сигурен и едноставен, скенерот DocuMate3125 е опремен да им помогне на претпријатијата во трансформацијата, управувањето и обезбедувањето на деловно важните информации“.
Напредните сертифицирани управувачки програми TWAIN™ и ISIS® се компатибилни со корисниците на PC и Mac, а на вработените им овозможуваат комуникација со бројните софтверски решенија за унапредување на управувањето со документите како што се системите ECM (enterprise content management) и DIM (document image management). Уредот едноставно се интегрира со постоечката технолошка инфраструктура и го поправа квалитетот на сликата за да се обезбеди читливост и острина на сите дигитализирани документи.
Достапност и цени
За информации за цената и достапноста купувачите може да обратат кај овластените дистрибутери на Xerox.
За компанијата Xerox
Xerox помага да се смени начинот на којшто функционира светот. Со примена на својата стручност на обработката на сликите, деловните процеси, аналитиката, автоматизацијата и увидите во чиј центар е корисникот, создаваме тек на работата што нуди поголема продуктивност, делотворност и персонализација. Водиме работење во 180 држави и нашите повеќе од 140.000 вработени создаваат смислени иновации и нудат услуги на деловни процеси, опрема за печатење, софтвер и решенија коишто прават вистинска разлика за нашите клиенти и нивните корисници. На 29 јануари 2016 година, компанијата Xerox најави дека планира да се раздели на две независни претпријатија со јавно тргување: компанија за подизведба на деловните процеси и компанија за технологија на документи. Xerox очекува поделбата да заврши до крајот на 2016 г. Дознајте повеќе на: www.xerox.com.
За компанијата Visioneer, Inc.
Visioneer, Inc., водечка компанија за скенери и решенија за управување со документи, нуди широк избор на производи за дигитализација на содржините. Во 2003 година, Visioneer ја здружи својата водечка скенерска технологија со препознатливоста на марката Xerox со цел развој на линијата производи Xerox DocuMate. Деловните скенери Visioneer и Xerox DocuMate со високи перформанси и програмите за дигитализација на корисниците им нудат брзина, квалитет и едноставност на користењето со ексклузивната технологија Visioneer OneTouch®. Visioneer е овластен дистрибутер за Xerox. За дополнителни информации за решенијата Visioneer и Xerox посетете ги www.visioneer.com, www.visioneer.com/company/news или www.xeroxscanners.com. За коментари и индустриско мислење посетете ги http://www.facebook.com/visioneerinc, http://twitter.com/visioneerinc.