Фото: Apple

Во најновиот неделен билтен од Марк Гурман, во кој го најавува конечното презентирање на понапредната верзија од Siri за идниот месец, тој пишува и за сите Mac новости кои може да ги очекуваме оваа година. 

Да се изразам со неговите зборови, 2026 „ќе биде највозбудливата година за линијата на компјутери од Apple после подолго време“. 

За што е тоа што може да се очекува оваа година веќе можевме да прочитаме во различни статии, па сега на еден начин ги сумираме сите очекувања. 

Во основа, Apple очекуваме дека оваа година ќе претстави нови верзии од постојните компјутери, но и такви кои за првпат ќе бидат претставени, а тие ги вклучуваат:

  • MacBook Pro и MacBook Air со нови генерации од М чиповите
  • MacBook Pro со OLED екран до крајот на годината
  • Mac mini и Mac Studio со нови генерации од М чиповите
  • Првиот MacBook со чип од А серијата за iPhone и пониска цена
  • Нова верзија од Studio Display после повеќе години

Уште една информација која ја истакнува Гурман е дека компјутери со М6 верзијата од чиповите може да се очекува порано, односно не треба да не чуди да ги видиме некои од Mac компјутерите директно да го користат овој чип.