Голем е интересот за паметно осветлување ширум светот. Се нудат различни реализации со голема енергетска ефикасност кои обезбедуваат фенси осветлување и сл. Но компанијата AwoX претстави едноставен уред кој ги исполнува горе споменетите карактеристики, но вклучува и забава. Тие неодамна ја презентираа првата паметна LED светилка StriimLIGHT со интегриран Bluetooth звучник.
Овој интересен уред може во исто време да ви овозможи далечински да го контролирате осветлувањето, но и да ја контролирате јачината на звукот на звучникот. Подесувањата може да се извршуваат преку посебна апликација AwoX Smart Control која работи на iOS и Android платформи. За тие што немаат паметен телефон можно е поврзување со StriimLIGHT преку десктоп компјутер кој работи на Mac OS X и Windows, бидејќи секоја светилка доаѓа заедно со мал контролен уред во големина на кредитна картичка.
Оваа светилка има стандардно осветлување од 110 до 220 волти, а звучникот вграден во неа е 10 ватен, што е доволно да се озвучат повеќето соби во вашиот дом. Потребно е да се напомене дека постои и Wi Fi верзија која се вика StriimLIGHT Wi Fi и која работи исто како Bluetooh верзијата. За жал двете верзии од овој уред се достапни само во САД, за 99 долари.