Qualcomm е фирмата која што стои позади производството на повеќето процесори кои се користат во мобилните телефони. Денес подружницата Qualcomm Atheros претстави нов процесор наменет за мрежните уреди, како на пример рутерите.
Идејата позади производството на ваков процесор, според Qualcomm е неможноста мрежните уреди да го постигнат својот максимум на пренос на податоци поради процесорската моќ на истите. Исто така уредите ги претставува како секогаш вклучени чии што процесори најчесто немаат прилагодливо користење на електричната енергија, па трошат повеќе енергија отколку што навистина им е потребно.
Новиот IPQ процесор е комбинација помеѓу веќе користениот двојадрен Krait процесор во мобилните уреди. Наместо графички процесор, IPQ ќе има мрежен процесор, како двојадрениот процесор со 730 MHz од Atheros, кој може да поднесе до 5 гигабити на мрежен сообраќај од повеќе извори. Процесорот е направен со цел да може да се биде во тек со сообраќајот што се повеќе се очекува да го опслужуваат модерните уреди, како видео, податоци од сензори, игри и слично.
Првите домашни рутери и медиа сервери со IPQ процесорот се веќе во производство и ќе бидат достапни во првата половина на 2014.
Извор: Qualcomm Atheros