samsung-ativ-book-9-spin

Иако веќе подолго време ги немаше на Windows сцената со некаков лаптоп, Samsung се чини го избра вистинскиот момент за лансирање на нови уреди, односно новиот Windows 10. Ativ Book 9 Pro и Ativ Book 9 Spin се супер лесни лаптопи кои се вистински конкуренти на најдобрите „ултра“ лаптопи во класата.

Помалиот уред Spin ги има истите функции на Yoga серијата на Lenovo, односно има 13,3 инчен дисплеј кој може да се сврти за 360 степени и да го користите како таблет. Самиот дисплеј има одлична резолуција од 3200х1800 пиксели, додека компонентите се од највисоката класа – во понудата има само Core i7 6500U двојадрен чип, помогнат од 8 GB рам и SSD диск со капацитет од 256 GB. Најголемиот адут во ракавот е сепак масата на целиот лаптоп – тежи само 1,3 килограми и дебелината – само 15 милиметри, но разочарува траењето на батеријата од само 7,3 часа.

samsing-atvi-book-9-pro

Поголемиот модел Pro има дисплеј со големина од 15,6 инчи и 4K резолуција од 3840х2160 пиксели. За разлика од Spin, наменет е за оние кои бараат максимум перформанси и затоа има помоќен Core i7 6700HQ процесор со четири јадра, помогнат од 8 GB рам и SSD диск со капацитет од 256 GB, како и моќна, пардон „помоќна од онаа во Surface Book“ графичка картичка – Nvidia GeForce GTX 950M. Траењето на батеријата кај поголемиот модел изнесува 6,5 часа, што е солидно со оглед на високите перформанси и моќната вградена графика.

Двата модели се наменети за оние со подлабок џеб – Spin чини 1399 долари, додека Pro моделот чини 1599 долари.

Samsung Ativ Book 9 Pro v2-650-80

Извор: Tech Radar, Windows Central

Претходна статијаТехнологијата и здравиот живот – дел 1- апликации
Следна статијаBlackBerry Priv ќе има редовни безбедносни надградби