Samsung го заврши развојот на наредната генерација од GDDR меморијата, односно GDDR7, која моментално е единствена на пазарот, а ќе треба да почекаме и на конкуренцијата.
Од компанијата најавуваат дека први кои ќе добијат пристап до новите чипови ќе бидат нивни клучни клиенти кои ќе треба да направат верификација на подобрувањата, а корисниците можат да очекуваат подобрувања кај графичките картички до крајот на годината или од идната.
Новата GDDR7 меморија не донесува некоја посебна новина кога е во прашање меморијата, која ќе остане иста како кај претходната генерација, но затоа донесува големи подобрување кај брзината која треба да биде за 33% поголема.
Дополнително се најавува доста подобро справување со топлината, па новиот чип треба да овозможи до 70% подобрување во споредба со GDDR6 чиповите.
Подобрувањата се постигнати со користење на PAM3 методот, наместо NRZ кој се користи во претходната генерација. Овој метод овозможува 50% поголем пренос на податоци во истиот циклус.
„Нашиот GDDR7 DRAM ќе помогне да се подигнат корисничките искуства во области кои бараат извонредни графички перформанси, како што се работни станици, компјутери и конзоли за игри, и се очекува да се прошири во идни апликации како што се вештачка интелигенција, компјутери со високи перформанси (HPC) и возила. Следната генерација графички DRAM ќе биде донесена на пазарот во согласност со побарувачката на индустријата и планираме да продолжиме со нашето лидерство во просторот“. – истакнаа од компанијата.