Од Samsung, еден од најголемите производители на телевизори, изјавија дека до крајот на Ноември ќе престанат со производство на Plasma екрани, а со тоа и претставување на нови Plasma телевизори. Со оваа одлука, после истата одлука донесена од страна на Panasonic минатата година, единствен производител на овие екрани ќе остане LG. Меѓутоа според неофицијални информации нема да помине многу време додека и од таа компанија се приклучат на трендот.
Причината поради која што од Samsung се имаат одлучено на овој потег е големото намалување на побарувачката за Plasma телевизори, нешто што е преземено од страна на LED LCD телевизорите. Од компанијата изјавуваат дека ќе го зголемат својот развој кон телевизорите со Ultra HD резолуција, како и тие со заоблени екрани.
Дали сте меѓу корисниците кои што ги преферираат Plasma наспроти LCD телевизорите ?