samsung-curved-tvs11_2040_verge_super_wide

Како што веќе беше најавено при крајот на минатата година, Samsung претстави нови огромни телевизори со висока резолуција и екрани што се заоблени, односно свиткани од страните. Истите ги претстави на CES2014 настанот што моментално е во тек, па во продолжение може да прочитате за два интересни концепти.

Првиот телевизор е веќе најавениот 105 инчен (266.7 cm) кој доаѓа со резолуција од 5120 x 2160 пиксели од 21:9 формат на сликата направен во LED технологија. Она што е интересно кај овој телевизор е неговата заобленост, односно истиот е свиткан од страните до степен што станува веќе доста забележливо и дефинитивно го менува гледачкото искуство. Задниот дел од телевизорот е направен од дрво и е поставен на метални држачи.

samsung-curved-tvs10_2040_verge_super_wide

Како што кажуваат од Samsung, причината поради која што даваат значење на заоблените екрани, како екрани на иднината е ефектот што се добива со нивното користење. Поточно, како што има изјавено претставник од Samsung, заоблените екрани овозможуваат пожива слика, како и поголема длабочина, со што се добива ефект сличен на 3D без користење на 3D технологија и очила.

SAMSUNGprebreifCES2014_16_1_610x407

Друг интересен концепт претставен од страна на Samsung е „свиткувачкиот“ 85 инчен телевизор. Тој исто така доаѓа со 4К резолуција, нешто што е стандардно веќе на овој настан. Овој модел, за разлика од претходниот кој што е заоблен, има можност за избор на начин на користење. Поточно, со притискање на копче на далечинскиот управувач телевизорот од рамен (flat) се претвора во заоблен екран, односно автоматски се свиткува. Според Samsung ова е концепт кој што ќе најде примена поради различните содржини што се гледаат на телевизорите, па корисникот ќе може да избира што во која форма ќе сака да го гледа. На пример, свитканата положба е погодна за гледање на филмови. Овој телевизор се планира да биде пуштен во продажба и нема да биде само концепт претставен на настанот.

Сликите се позајмени од The Verge и CNET.

Претходна статијаDell претстави 28 инчен 4К монитор за само 699 долари
Следна статијаASUS најави нов 27-инчен WQHD гејминг монитор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.