SkullyFeature

Трендот на вградување на технологијата во разните уреди полека станува нормална работа и се повеќе ќе гледаме паметни верзии од веќе познати и долго време користени уреди и предмети. Таков пример денес имаме со нова кацига за возачи на мотори од производителот Skully Helmets од САД.

Се работи за паметна кацига Skully AR-1 во која што е вграден екран (HUD – Heads up display), во внатрешноста на предниот дел, односно на делот од визирот. На задната страна е вградена камера со агол на гледање од 180 степени. Возачот на екранот добива низа на корисни информации, кои што ќе го направат неговото возење посигурно. Може да ја гледа сликата од камерата, па во секое време гледа што се случува позади него. Исто така на екранот може да биде прикажана мапа со систем за навигација. Кацигата исто така може да се поврзе со паметниот телефон на возачот, па да го контролира преку гласовни команди. Со тоа возачот може да ја контролира музиката на телефонот, да праќа пораки, да се јавува и одговара на повици.

Главни карактеристики на Skuly AR-1 кацигата се:

  • Лесна и аеродинамична
  • Ласерски исечена внатрешност за подобра удобност
  • Проток на воздух низ прилагодлив систем за вентилација
  • Преден визир со слој против замаглување, гребење и отсјај
  • Визир и штитник за брадата со лесно отворање
  • Skully Synapse HUD екран со гласовна контрола
  • GPS навигација
  • Задна камера со широк поглед од 180 степени
  • Bluetooth поврзување со паметен телефон
  • Интернет конекција преку паметен телефон
Претходна статијаРедизајниран Gedit текст едиторот
Следна статијаВерзиите на Microsoft Windows и што следно се очекува
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.