140319

На годинешниот GDC 2014 (Game Developers Conference) што се одржува во San Francisco, Sony го претстави Project Morpheus. Проектот е сеуште во развој, односно уредот претставен е прототип кој што ќе служи за тестирање од страна на развивачите и истиот ќе биде променет кога официјално ќе биде пуштен за корисниците. Се работи за уред кој што се поставува на главата и работи во комбинација со PlayStation 4 со што го додава ефектот на виртуелна реалност на играњето игри.

Поточно, Project Morpheus доаѓа со два екрана со резолуција од 1920 x 1080 и агол на гледање од 90 степени. Уредот се поврзува со PlayStation 4 преку 5 метри долгиот кабел кој што може да се поврзе преку HDMI и USB портата. Исто така во уредот се вградени сензори како жироскоп и акселерометар кои што го следат движењето на главата на играчот додека игра, со што во комбинација со PlayStation Camera се овозможува движење на сликата во вистинско време. Уредот може да работи и во комбинација со PlayStation Move контролер, како на пример меч и истиот ќе биде рекреиран во играта заедно со рацете со што се добива навистина реална ситуација за играње.

Project Morpheus вклучува и 3D аудио технологија развиена од страна на Sony која што овозможува виртуелен surround звук. Поточно играчот ќе слуша звуци кои што доаѓаат од напред, одзади, лево, десно, како и звуци кои што се слушаат од доле или над играчот во играта, односно во виртуелниот свет. Со ова играчот ќе може да ги слушне посебно звуците како чекори од качување по скали, како и звуци од моторот на хеликоптерите кои што го надлетуваат. Звуците исто така се менуваат зависно од позицијата на главата на играчот, односно го следат вртењето на главата со што се креира реален звук.

Претходна статијаМинимизирање на прозорите преку клик на Unity во Ubuntu 14.04
Следна статијаFacebook DeepFace – препознавање на лица со ниво на точност како луѓето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.