NTK14x

Според неофицијални резултати од популарната GFXBench апликација за мерење и споредување на перформансите помеѓу разни мобилни уреди, новиот Tegra K1 SoC процесор на Nvidia е скоро четири пати побрз од својот претходник –  Tegra 4.

Од приложената табела може да се видат перформансите на Tegra K1 во однос на неколку таблети и лаптопи. Новиот процесор на Nvidia со резултат од 60 fps заостанува само позади GT 740М, што и не е изненадување со оглед дека се работи за дискретна графичка карта која користи далеку повеќе енергија.

GFXBK1

Во споредба со двата таблети на Apple – iPad Air и iPad mini кои го користат PowerVR G6430 графичкиот процесор,  Tegra K1 има двојно повисоки перформанси. Интересно, двата лаптопи кои користат Core i5 процесори со интегрирани HD графички чипови од 4000 серијата на Intel, исто така заостануваат зад тестираниот таблет со Tegra K1.

Првите уреди кои ќе го содржат новиот Tegra K1 процесор на Nvidia се очекува да се појават некаде пред истекот на првата половина од годинава.

Претходна статијаMeMINI – камера која ќе ги зачува вашите интересни моменти
Следна статијаMicrosoft тајно плаќа за YouTube видеа каде се спомнува Xbox One ?