WC6655_Right_1AddlTray

28 јануари 2015. – Новиот мултифункционален печатач (MFP) од компанијата Xerox® (NYSE: XRX) нуди силна комбинација на иновативни одлики и решенија за мали и средни претпријатија, што досега биле наменети само за големите претпријатија. Така, малите и средни компании имаат можност да одат над своите очекувања и при тоа да ги држат трошоците под контрола.

Со резолуција на печатење 1200×600 dpi, новиот Xerox WorkCentre® 6655 Color MFP создава живописни слики во боја што го одземаат здивот и јасно дефиниран текст со брзина на печатење до 36 страници во минута. Исто така, уредот има стандарден капацитет од 700 до 1250 листови.

Корисниците може да печатат документи од своите компјутери, мобилни уреди, страници на интернет, УСБ-преносната меморија или од облакот. На корисниците им е овозможена и едноставна дистрибуција на документите преку факсирање или скенирање на е-пошта, компјутер или облак од WorkCentre 6655. Освен тоа, уредот е збогатен со софтверот Xerox ConnectKey® што е дизајниран да ја поедностави работата во секоја организација.

WC6655_UI

Уредот има прилагодливи решенија и Xerox Extensible Interface Platform® што овозможува креирање апликации без потреба од дополнителна ИТ-поддршка. Овој уред бара минимални интервенции од корисникот и нуди повеќе време на непрекината работа.

За да им помогнат на претпријатијата во спречувањето кражби на податоци и други безбедносни закани, WorkCentre 6655 е интегриран со технологијата McAfee® која само на овластени корисници им обезбедува пристап до уредот.

Xerox

Од изумот на ксерографијата, пред повеќе од 75 години, луѓето од компанијата Xerox (NYSE: XRX) им помагаат на компаниите да го поедностават начинот на работа. Денес сме глобален лидер во деловните процеси и управувањето со документите, им помагаме на организациите од сите големини да бидат поделотворни за да можат да се фокусираат на своето работење. Со седиште во Norwalk, во Connecticut, имаме повеќе од 140.000 вработени и работиме во повеќе од 180 држави со нудење деловни услуги, опрема за печатење и софтвер за комерцијални и државни организации.

Дознајте повеќе на www.xerox.com.

Претходна статијаMEGA апликацијатa достапна и за Windows Phone
Следна статијаДали (и како) треба да го регулираме „Интернетот на нештата“? (Втор дел)