dk02-main-a

Иако живееме во време кога се повеќе корисници се одлучуваат да користат таблет или лаптоп компјутери чија што карактеристика се малите димензии и со тоа малиот простор кој што го заземаат, сепак десктоп компјутерите уште долго време ќе останат. Десктоп компјутерите најмногу се користат во компаниите, како и од луѓето на кои што им е потребен компјутер со одлични хардверски карактеристики, како и можност за лесна надградба на компонентите.

Меѓутоа користењето на десктоп компјутер подразбира купување на посебна работа маса, како и одредување на простор за неа. Околу неа обично е полно со кабли, а нивното организирање и чистење е работа што сите ја одбегнуваат. Тука е и куќиштето за кое што треба да се издвои соодветен простор. Доколку сте корисник на десктоп компјутер и сметате дека просторот околу него може подобро да се организира, сигурно ќе ве заинтересира производот за кој што пишуваме во оваа статија.

Се работи за два модела на работни маси кои што во исто време се и куќиште за компонентите за десктоп компјутер. Се што ви треба за вашиот компјутер се наоѓа во внатрешноста на масата, а до нив многу едноставно се доаѓа со отворање на делот како обична фиока или отстранување на горниот дел. Двете маси се разликуваат по големината, а со тоа и бројот на компоненти кои што може да ги собере, односно поголемата маса може да собере компоненти за еден стандарден и еден помал десктоп компјутер.

Масите се направени од алуминиум од страните, додека горниот дел е направен од стакло кое што се користи за маси и железо за ногалките. Поддржуваат поставување на матични плочи со големина до HPTX, најголемите графички картички кои што можат да се најдат на пазарот (до 400 mm должина), како и кулери, хард дискови, SSD дискови и било кои компоненти кои што би ви требале. Масите се доволно големи за да може да собере се што ќе ви треба со доволно простор компонентите лесно да се местат и менуваат. На предната страна од масата се поставени 4 USB 3.0 порти, оптички драјв, HD аудио, копче за вклучување.

Масата на предната страна има посебно ниво на кое што се поставуваат тастатурата и маусот кое што може да биде наместено во две висини. Од страната има интересен дел на кој што можете да закачите одредени работи, како слушалки на пример, како и џеб во кој што можете да ја ставите тастатурата или било што друго што ви треба да е околу компјутерот.

Извор: Engadget, Lian-Li 1, Lian-Li 2

Претходна статија64-битна верзија на Chrome достапна за Windows
Следна статијаProject Tango од Google сега достапен и во форма на таблет компјутер
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.