Кинеската компанија ZTE, која е најпозната по својата понуда на мобилни телефони, претстави интересен мулти-функционален проектор.
Уредот е со компактни димензии од 4.72 x 4.72 x 1.12 инчи и тежи околу 400 грама. Преку основната функција на проектор, може да прикажува слики и видео содржини со резолуција од 1080p на површина од 120 инчи. Останатите функции вклучуваат можност за полнење на други уреди преку USB конектор, како и креирање на Wi-Fi hotspot за 8 уреди.
На горниот дел од проекторот се наоѓа 4-инчен екран на допир со резолуција од 800 x 480 пиксели. Проекторот го користи Android 4.2 оперативниот систем на Google, со што добивате и целосно функционален Android уред.
Освен USB приклучокот, уредот вклучува HDMI и аудио излези. Во проекторот е содржана батерија со капацитет од 5,000 mAh, така што може да го користите и на места каде што нема струен приклучок.
Засега не е познато кога и по која цена ќе се појави проекторот во продажба.