По успешниот лет скоро до работ на вселената од страна на Ричард Брансон, се дозна дека карта за некој од идните летови, кои се планираат да ги има повеќе, има купено и Елон Маск. Ова доаѓа како чудна информација кога ќе се земе во предвид дека Маск има конкурентна компанија на Брансон, но со овие случувања официјално се објави дека двајцата милијардери се пријатели.
Според информациите, Маск ја има купено својата карта пред 15 години и истото го има направено како поддршка за својот пријател. Тој исто така бил на гости кај Брансон утрото пред летото со Virgin Galactic.
Летот на SpaceShipTwo може да се каже дека се случува на почетокот од популаризирањето на туристичките вселенски летови, се разбира на почетокот само до ниската орбита на Земјата, каде патниците можат да ја видат Земјата и да ја почувствуваат слабата гравитација на неколку минути.
Веќе идната недела вакво нешто ќе изведе и Џеф Безос од Amazon, преку неговата Blue Origin компанија. За разлика од Virgin Galactic, Blue Origin ќе има нешто постандардно лансирање, односно летото ќе се направи со капсула која ќе биде однесена до орбитата на ракета.
Во годините што следат може да се очекува ваквите летови да станат многу почести, а според информациите картата за лет со Virgin Galactic чини 250.000 долари, нешто што сигурно со тек на време ќе стане многу повеќе достапно за повеќе луѓе.