
Reuters оваа недела излезе со ексклузивна информација за плановите на Apple за развој на сопствена автономно, електрично возило, планови за кои веќе со години се разговара, но никако да излезат официјално информации.
Според Reuters, Apple конечно ќе излезе со финален производ, односно автомобил, во 2024 година, а тој ќе има и подобра технологија за батерии од конкурентите, која ќе биде поевтина за производство и ќе овозможува поголема километража.
Маск беше запрашан на Twitter да каже нешто за оваа новост, па може да се каже дека одговорите се интересни. Како прво тој истакнува дека тие веќе користат дел од технологијата која се најавува за батериите, а за одреден дел смета дека е лошо пренесен и дека баш во таа форма не е можно да се изведе.
Вториот дел од одговорот можеби привлекува повеќе внимание. Маск тврди дека во најтешките времиња на Model 3, тој сакал да ја продаде Tesla на Apple, но Тим Кук не сакал ни да се сретне со него.
Tesla сега е една од најпознатите компании во светот, а вредноста и е поголема од обичните производители на автомобили. Можеби Apple со својот автомобил ќе успее да конкурира, а можеби и ќе се замислат дали требало барем да ја слушнат понудата на Маск.