Не дели уште месец и половина од јубилејното издание на десетиот Викенд Медиа Фестивал кој ќе се одржи од 21. До 24. септември. Градот Ровињ и неговата стара фабрика за тутун и оваа година ќе собере илјадници љубопитни подготвени за нови знаења и искуства од комуникациската индустрија. Во шест сали ќе бидат прикажани преку 60 презентации, а не очекуваат и повеќе од 10 влијателни говорници од целиот свет.
Еден од нив е и Томас Рејмекерс, Спортски Директор на јуниорскиот тим и Амбасадор на тимот Ново Нордиск, првиот професионален велосипедиски тим во светот кој ги обединува велосипедистите со дијабетес.
Можете ли накратко да ни се претставите?
Роден сум и израснав во Белгија, каде од свои десет години ја започнав мојата велосипедска кариера. Велосипедизмот од секогаш ме интересирал. Се сеќавам како на возраст од четири години уживав гледајќи ги велосипедските трки. Пред да започнам да се занимавам со велосипедизам, пробав да применувам и други спортови, но љубовта кон велосипедизмот беше посилна. На 17 години ми беше дијагностициран дијабетес и тогаш воопшто не знаев што е тоа. Единствено нешто што ме загрижуваше беше фактот како ќе продолжам и понатаму да се занимавам со спорт. Првото прашање кое му го поставив на докторот се однесуваше на тоа дали ќе можам да продолжам со велосипедските трки.
Како се приклучивте во тимот Ново Нордиск?
Кога ми беше дијагностициран дијабетес, докторите ми забранија да продолжам да се занимавам со велосипедизам. Но, за време на престојот во болница на телевизија ја гледав престижната велосипедска трка “Tour of Turkey” на која победи тогашниот тим Тип 1, составен исклучиво од велосипедисти со дијабетес. Најпрво пробав да стапам во контакт со нив, а година дена подоцна им се приклучив и како член на Дево тимот, подоцна како член на Про тимот.
Какви ви беа првите трки, дали натпреварите беа многу тешки? Како ви помогна тимот?
Не беше лесно. Повторно морам да осознаам многу работи за своето тело. Чекор по чекор станував се подобар. Тимот највеќе ми помогна со мотивација, бидејќи се немав приклучено на почеток на подготовките. Секојдневно ми се обраќаа преку меил, понекогаш со совет, понекогаш само со мотивациски реченици, но секогаш ги погодуваа вистинските зборови за да продолжам напорно да тренирам.
Зошто престанавте да се занимавате со велосипедизам? Сеуште сте доволно млад :)
Во рамки на лекарска контрола во 2014 година ми е дијагностицирана Кронова болест. Пробав да се натпреварувам уште една година, но болеста секогаш се враќаше, а лековите негативно влијеа на резултатите. Се покажа дека болеста сепак е посилна. Благодарение на тимот останав вклучен во проектот како Спортски Директор на јуниорскиот тим и Амбасадор на тимот.
Вашата титула во тимот Ново Нордиск е Спортски Директор на јуниорскиот тим и Амбасадор на тимот. Што точно претставува тоа?
Највеќе сум фокусиран на функцијата Спортски Директор. За време на сезоната присуствувам на трките заедно со младите возачи и се обидувам да им го пренесам знаењето со кое се стекнав како велосипедист. Не сум тренер и не работам на распореди на тренинзи, но се трудам да се погрижам се останато да функционира. Како Амбасадор редовно посетувам настани поврзани со дијабетесот со цел своето искуство и пораки да ги споделам со останатите. Секогаш е интересно да се слушнат и туѓите искуства.
Кој е вашиот најголем успех поврзан со кариерата?
Мислам дека најголем успех претставува завршувањето на трката “Tour de Turkey“ во 2013 година, по само две години откако ми е дијагностициран дијабетес, заедно со седум колеги од тимот кои исто така боледуваат од дијабетес. Како најмлад возач на пелетон, завршувањето на осумдневната трка претставуваше навистина голем успех. Исто така, никогаш нема да ја заборавам својата прва трка во која учествував како член на Про тимот во Трофео Лаигељија во Италија, каде како деветнаесет годишен почетник во текот на целата трка бев во бегство
Ви се допаѓа ли улогата која сега ја имате во тимот или повеќе уживавте како возач?
Ми се допаѓа подеднакво. Кога сум на трки со професионалниот тим често ми е жал што не можам да возам. Чувството на возбуда додека сте на велосипедот, стресот пред трката, емоциите кои ја пратат трката. Тоа е нешто што навистина ми недостасува, но и како Спортски Директор исто така доживувам стрес и емоции на трките.
Улогата на Амбасадор не можете да ја споредите со натпреварувањето, но оваа улога има двојно значење. Запознавате повеќе личности кои се вклучени во приказната за дијабетесот и сносите поголема одговорност.
Колку ви претставува предизвик работата со деца на кои им е дијагностициран дијабетес? Дали е тешко да им се задржи вниманието на спортот?
Мислам дека ништо не е поинаку или потешко во споредба со работата со здрави, млади велосипедисти. Главна предност е што знам низ што проаѓаат и веќе првиот чекор од дијагноза до вклучување во светот на професионалниот спорт е голем чекор за нив и знак за голема мотивација. Без добра мотивација никогаш не би успеале.
Што би ги советувале оние кои боледуваат од дијабетес кои не се сигурни дали да продолжат со велосипедизам и со спорт воопшто?
Мојот совет е секогаш да продолжат со своите активности. Возачите од тимот Ново Нордиск секојдневно докажуваат дека е возможно да се занимаваш со професионален спорт без разлика на дијагнозата. Понекогаш е тешко, но во спортот тоа е секогаш така, дури и кај оние личности кои се здрави. Важно е никогаш да не се откажете од вашите соништа. Живејте го животот како што посакувате и не дозволувајте дијабетесот да ја превземе контролата.
Што можеме да очекуваме на вашето предавање на Викенд Медиа Фестивал?
Ќе говорам за тимот Ново Нордиск и нашата мисија да ги инспирираме и едуцираме луѓето со дијабетес Ќе ви го раскажам сопственото искуство како тимот ми помогна да продолжам да се занимавам со велосипедизам и како секогаш ги следев своите соништа, дури и по дијагнозата.