Првиот човек на SpaceX, Елон Маск во излагање на конференција за вселенска индустрија, откри планови во кои слична технологија би можела да се користи за патување и на самата планета. Тој ќе каже дека технологијата имплементирана на ракетите би можела да се примени на земјата како начин на комерцијален превоз. Со ова луѓето би биле во можност да отпатуваат на било кој дел од планетата за време покусо од еден час.
Тој предлага користење на една од ракетите на SpaceX, за лансирање на вселенски брод во орбита околу планетата. Бродот потоа би слетувал на земјата, односно на пловни платформи кои би се наоѓале во близина на големите градови. Во секој случај и бродот и ракетата во моментов постојат само во теоријата.
Со ваков метод на транспорт на патници планетата неколкукратно би ги намалила димензиите сведувајќи го патувањето помеѓу некои од најоддалечените градови на планетата на околу 30-тина минути. Ракетата која би се користела за лансирање на бродот е истата онаа во која Маск сака да испрати луѓе на марс до 2024-та година. Бродот би се движел надвор од земјината атмосфера достигнувајќи брзина од речиси 29 000 км/ч. Според зборовите на Маск, бродот би имала капацитет помеѓу 80 и 200 лица.
Планот изгледа оптимистички, меѓутоа му недостасуваат некои од клучните елементи истото да биде практично и за комерцијални цели.