Разговарајќи на WSJDLive 2016, конференција за технологија организирана од The Wall Street Journal, директорот на Microsoft Сатја Надела разговара за неговата компанија и секогаш интересната тема, мобилните телефони.
Со оглед на фактот што веќе нема негирање, тој истакнува дека „Ги пропуштивме мобилните телефони. Тоа веќе не е прашање“.
Тој исто така истакнува дека до пред некоја година на пазарот сепак имало повеќе мобилни оперативни системи и покрај доминацијата на Android и iOS. Денес, нивната доминација е целосна, а останатите или ги нема и веќе не се релевантни.
Сепак, Надела истакнува дека нема истата грешка да продолжат да ја прават, односно нема да ја направат во другите области кои уште сега се гледа дека ќе бидат популарни во иднина. Поради тоа истакнува дека Microsoft сериозно гледа на технологијата за изменета и виртуелна реалност, а слободно може да се каже дека кога е во прашање оваа технологија, тие веќе покажуваат голем потенција.
Овој начин на размислување важи и за мобилните телефони. Можеби тие во овој момент не се фактор на пазарот, меѓутоа од компанијата гледаат простор тие со тек на време да станат.
Една од главните карактеристики на Windows Phone уредите е нивната можност да се користат како целосен десктоп компјутер. Оваа можност со тек на време ќе станува се повеќе логична со напредокот на мобилните чипови, па од компанијата веруваат дека еден ден голем број на корисници ќе имаат потреба од некоја ваква можност.