Во среда (07.12.2016) од 17 до 19 часот во Сеавус Инкубатор ќе гостува Рана Чакрабарти, дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP. Тој ќе одржи бесплатно предавање на тема „Стартап преку дизајн“.
Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.
Настанот е овозможен од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact