Претседателот Доналд Трамп може да се каже дека има „проблеми“ со медиумите уште од неговото стапување на функција. Тој многу често ги обвинува за пренесување на лажни вести, а посебно за него и останатите конзервативни, односно десно ориентирани политичари и јавни личности.

Обвинувањата обично се на сметка на медиумите чии сопственици се блиски со левицата во САД, а во таа група се ставени и Facebook и Twitter, не ретко.

Преку неговиот Twitter профил, претседателот Трамп излезе со обвинување дека Google намерно ги прилагодува резултатите од пребарувањата со цел прикажување на повеќе негативни новости поврзани со него и десницата.

Тој исто така истакна дека 96% од резултатите за „Trump News“ се од левичарски медиуми кои се негативно настроени кон него, а тој тоа го означува како многу опасно. Тој тврди дека Google и другите го потиснуваат гласот на конзервативците, односно десничарите и ги кријат вестите кои се добри и позитивни. Тие, истакнува тој, контролираат што е тоа што можеме и не можеме да го видиме.

Ова, според Трамп, е сериозна ситуација и за истата ќе бидат преземени мерки.

Што точно би било преземено за оваа ситуација не е јасно, а посебно што сепак се работи за земја каде медиумите имаат доста права и било каква мерка може да добие несакан правец, а посебно доколку биде насочена кон медиуми кои навистина пренесуваат лажни вести.