Со гордост ви го најавуваме првиот отворен ден на Growth Labs Academy – академија за секој чија желба е да изгради кариера во IT индустријата. Ве покануваме да ни се придружите на првиот отворен ден на 31ви јануари со почеток во 17:00 часот, на Zoom.

На самиот настан ќе имате можност да дознаете повеќе за академијата од директорите на академијата, што нудат програмите, да ги запознаете менторите и што да очекувате низ процесот на учење.

Програмата се состои од детално изработен и иновативен курс за развивање софтвер, поделена на три степени – основен, среден и напреден. Без разлика дали вашата авантура во ИТ индустријата допрва ќе почне или веќе имате искуство, Growth Labs Academy може да ви понуди соодветна програма за вашиот степен на знаење и вашите цели.

Во соработка со Code Fellows и IT LABS LLC, создадовме курс по американски стандарди, што ќе ги подготви студентите за реални предизвици со кои ќе се соочуваат на работното место и ќе им овозможи да стигнат до кариерен успех во ИТ индустријата.

Воедно, не ја пропуштајте шансата за еднократен попуст од -30% на целата академија по повод отворањето на Growth Labs Academy. Не заборавајте да се регистрирате за самиот настан овде.

Следете не за повеќе новости на социјалните мрежи: Facebook, LinkedIn и Instagram.

Претходна статијаSamsung ги претстави придобивките од имплементацијата на вештачката интелигенција во создавањето персонализирано искуство и поинклузивно општество
Следна статијаGoogle Chrome добива нови функции со генеративна вештачка интелигенција