apple-invite-f

Apple за денеска закажа настан кој ќе започне во 18:00 часот по наше време. Поканите за настанот со слоганот „Let us loop you in“ беа испратени пред нешто помалку од две недели, а како и обично тоа што треба да биде претставено е оставено за самиот настан.

Се разбира, не сме оставени во исчекување без никаква информација до самиот настан, а за тоа тука се шпекулациите од разни страни.

Според овие информации, Apple денес треба да го претстави iPhone 5SE, моделот кој повторно ќе го врати помалиот формат на уреди кои се покажаа дека се барани од корисниците. Овој модел се очекува да го има „стариот“ дизајн од 5S моделот, што за некои корисници е предност, но сигурно за одредени би било враќање назад од одличниот нов дизајн на посилните модели.

Сепак, освен дизајнот, новиот iPhone нема да им други сличности со стариот модел. Тој ќе ги вклучува скоро сите најнови компоненти кои се достапни во посилните модели.

Покрај помалиот iPhone, на настанот се очекува и претставување на нова генерација од iPad Air, којашто ќе го носи името Pro, како и новиот поголем таблет. Се очекува овој таблет да ги има спецификациите и функциите на iPad Pro моделот, само во помал формат.

Покрај овие уреди, на настанот се очекува да се говори и за iOS, Apple Watch, Apple TV, можеби MacBook и слично.

Како и обично, настанот ќе биде пренесуван во живо, преку HLS – HTTP Live Streaming технологијата, а ќе може да се гледа на следниот начин:

  • iPhone, iPad или iPod touch со Safari на iOS 7.0 или понов
  • Mac со Safari 6.0.5 или понов на OS X v10.8.5 или понов
  • PC со Microsoft Edge на Windows 10
  • Apple TV

Доколку имате некој од горенаведените уреди можете да отидете на официјалната страна на Apple на следниот линк и да го следите настанот почнувајќи од 18:00 часот.

Извор: TNW, PCMag, PCMag 2

Претходна статијаПотврдено: Huawei P9 ќе има две камери во задниот дел
Следна статијаTwitter денеска го слави својот 10-ти роденден
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.