Скопје, [21.11.2025] – Во Младинскиот културен центар – Скопје, на 28 декември (недела) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи специјално издание на детската предновогодишна забава KIDSDISCO, наменета за деца од 2 до 12 години. Настанот носи современа, возбудлива и безбедна детска забава, инспирирана од традицијата на популарните дискотеки за деца од 90-тите, кои токму во МКЦ имаа свој препознатлив дом.
Идејата за KIDS DISCO се роди од желбата да се врати духот на детското диско од 90-те, што некогаш беше омилено место за забава во Младинскиот Културен Центар. Со оваа иницијатива, сакаме да создадеме модерна верзија на таа магија: сигурна, креативна и незаборавна забава за најмладите, во духот на едно убаво детство. KIDS DISCO Е ОМАЖ НА ЕДНА ТРАДИЦИЈА КОЈА ЗАСЛУЖУВА ДА ПРОДОЛЖИ, ОВОЈ ПАТ СО НОВ РИТАМ И МНОГУ ПОВЕЌЕ БОЈА.
Настанот е креиран во соработка со педагози и детски професионалци, со цел да обезбеди квалитетна, културна и контролирана атмосфера, каде најмладите посетители ќе уживаат во забавна и динамична програма, специјално прилагодена за нивната возраст.
Програма и активности:
- Детски DJ со внимателно селектирана музика
- Маскоти и интерактивни игри
- Професионални акробатски настапи
- Аниматори, игри, танци и бројни изненадувања
- Face painting и моделирање балони
- Безбедносни стандарди и контролирана атмосфера за најмладите
Организаторите истакнуваат дека целта на KIDS DISCO е да се креира модерно, забавно и едукативно искуство, кое ќе ја врати магијата на едно убаво детство, истовремено прилагодено на денешните стандарди на безбедност и креативна анимација.
Редовната цена на билет е 400 денари и истите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com.









































