Макпетрол АД Скопје како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во Македонија оваа година го поддржа Здружението Веспа клуб Скопје со донација на ваучери за гориво во вредност од 300 денари за сите учесници на „1st Skopje Vespa Days“.

Организаторите преку „1st Skopje Vespa Days“ сакаат да понудат едно поинакво доживување во градот Скопје, да го промовираат во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покажат дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.

Со своето дефиле учесниците на овој настан промовираа култура на возење и безбедност во сообракајот што е од висока важност за нашата заедница, и една од заложбите на нашата компанија.

Претставниците од Макпетрол АД Скопје ги подарија ваучерите на бензиската станица на Партизанска и искористија можност да разменат искуства со пријатно расположените веспаџии.

Претходна статијаДоделени наградите од второто редовно и првото мастер коло од наградната игра „Верна повторно наградува“
Следна статијаSamsung со нова реклама за Galaxy S9 – го истакнува намалувањето на перформансите на iPhone поради батеријата