nasa-space-app-1

ПЕТОК, 08.04.2016  Големиот сон на Лео е да стане вистински астронаут и еден ден да ја однесе својата симпатија до Месечината…  Ако децата се доволно упорни во исполнувањето на нивните желби, зошто и ти да не  пробаш да ги оствариш твоите идеи?

Одлична можност за тоа е „Спејс апс челинџ“ натпреварот на НАСА, интернационален настан на кој секоја година илјадници мастери на технологии, експерти и креативни умови заедно работат кон решавање на предизвици поставени од НАСА.

Искористи ја и ти можноста да работиш на реални проекти, да придонесеш кон подобрување на животот на земјата и ангажманот на човекот во всeлената, а притоа постигни нешто по кое ќе бидеш запаметен.

Пријави се со тим или како поединец најдоцна до 17-ти април и помогни му на нашиот мал астронаут да си го оствари сонот.

Видеото е изработено од Clean Cut продукција.

Претходна статијаMicrosoft Edge автоматски ќе ги паузира Flash рекламите
Следна статијаNvidia DGX-1 е супер брз компјутер наменет за длабоко учење на „Вештачка Интелигенција“