Фото: YouTube

Од YouTube најавија дека договориле партнерство со The Academy of Motion Picture Arts and Sciences поради кое преку овој сервис ќе може да се гледаат познатите Оскари. Партнерството ќе започне од 2029 година, кога корисниците од целиот свет ќе можат да ги гледаат Оскарите преку YouTube бесплатно. 

„Почнувајќи од 2029 година, доделувањето на Оскарите ќе се емитува ексклузивно на YouTube бесплатно глобално и на YouTube TV во САД, плус ќе вклучува покривање на црвениот тепих, содржина зад сцената и пристап до Балот на гувернерите. Google Arts & Culture, исто така, ќе обезбеди дигитален пристап до одбрани изложби во Музејот на Академијата и ќе помогне во дигитализацијата на Колекцијата на Академијата.“ – истакнуваат од сервисот. 

Оскарите се доста популарни како настан, а истите сега можат да се гледаат преку телевизиските канали. Со оглед на се поголемата популарност на стриминг сервисите, очекувано е дека и овој настан ќе биде достапен на ваков начин. 

Со оглед дека во најавата стои дека Оскарите ќе бидат ексклузивно достапни преку YouTube, можно е тоа да значи дека правата за истите веќе нема да можат да се закупат од страна на телевизиите.