GSMA, организацијата која стои зад MWC саемот, објави дека целосно го откажува настанот за оваа година. Причината за тоа е Коронавирусот или со други зборови кажано, голем дел од учесниците и посетителите доаѓаат од Кина каде почна и е најмногу проширен овој вирус.
Од организацијата го најавуваат MWC 2021, барем кога е во прашање Барселона, а компаниите кои планираа да ги презентираат своите нови производи на овој саем, тоа ќе мора да го направат на друг начин и место.
Прво можевме да прочитаме дека LG го откажува своето учество на саемот, а своите производи ќе ги претстави во блиска иднина. Потоа следеа и компании како Amazon, Sony, Nvidia, а имаше најава дека и Samsung ќе го намали своето учество.
Мерките кои се преземаа на саемот секако дека не може да се покажат како доволни во ситуација на епидемија, па одлуката да се откаже настанот може да се каже дека не дојде како изненадување.