12250004_10207172465223009_7245157021445335393_n

На 1ви декември во 21:00ч во кафе бар „Љубов“ инстаграмџијата Стефан Пејовски @topanskoboy, ќе не почасти со својата прва самостојна инстаграм изложба „Random Instaments“.

Со слики кои милион зборови значат, ќе ве убеди дека и во најобичните секојдневни погледи се крие енормна убавина! Изложбата изобилува со прекрасни пејзажи кои се резултат на неговата опсесивност за планинарење и истражување, но воедно и со едноставни фотки „чкрапнати“ на вистинско место во вистинско време.

Како дојде до идејата да се направи изложба? На тоа Стефан одговара со:

Често поставуваното прашање, „Кога ќе не поканиш на изложба?“, е главниот виновник за идејата. Коментарите, сугестиите и вербата на моите пријатели направија сето ова да стане реалност.

На самиот старт од месец декември, Стефан Пејовски @topanskoboy ве поканува во кафе бар „Љубов“ да споделиме позитивна енергија, насмевки и уметнички воздишки во местото кое љубов зрачи.

Повеќе информации на Фејсбук страницата на настанот „Random Instaments“ https://www.facebook.com/events/440712952806017/

Претходна статијаChallenge Up! Стартапите импресионираат со иновативни IоТ решенија
Следна статијаOnePlus направи футрола за iPhone 6S со која сака да привлече повеќе купувачи?