05.10.2015, Скопје – Од 1-ви до 4-ти октомври 2015, во Хотел Метропол, Охрид се одржа седмата по ред Конференција за иновации во Македонија, на тема “Новите технологии за подобар живот”. Поддржано од ФИНКИ, оваа година се претставија повеќе од десетина компании кои работат на иновации и технолошки унапредувања во области како медицинска технологија, е-здраство, био-информатика, еко-информатика и сл.
На 7-та ИЦТ Конференција се претставија компании од Македонија, Полска, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Швајцарија и други. Од македонските компании своите иновативни софтверски решенија ги претставија iBorn, Medical It Revolution и 6PM.
“Оваа Конференција претставува можност македонските компании кои работат на странски пазар, како што е и примерот со М.И.Р. и нашиот медицински софтвер за холандски пазар, да се претстават и во Македонија и да ги отворат своите врати како за соработка со други фирми, така и да ги пласираат своите услуги на повеќе пазари. М.И.Р е компанија која долги години беше специјализирана за софтвер за кардиологија, а сега официјално ги проширува своите полиња на работа, отворајќи нови можности за програмерите во Македонија, кои сакаат да бидат дел од тимот.” – изјавија претставниците на Medical It Revolution.
Новите можности за соработка и потенцијалните партнерства, како и отворањето на вратите кон странските пазари, направија оваа Конференција да се одржи и по седми пат.
Повеќе на http://ictinnovations.org/