Фото: Семос Едукација

Семос Едукација беше домаќин на AWS Community GameDay Europe во Скопје,  интернационален практичен настан кој ги обединува AWS ентузијастите, ИТ професионалците и технолошките тимови од цела Европа. GameDay овозможува учесниците да ги тестираат своите cloud вештини во реални, симулирани сценарија базирани на Amazon Web Services – водечката светска cloud платформа.

Настанот, кој се одржува синхронизирано во повеќе држави, привлече 1800 учесници во 480 тимови, кои решаваа комплексни предизвици поврзани со архитектура, оптимизација, автоматизација, управување со системи и тимска соработка.

Од Македонија учествуваа четири тима, а најуспешниот се пласираше меѓу првите педесет, успех кој говори за растечкиот квалитет на локалната ИТ заедница. „Во период кога cloud технологиите се темел на современото работење и дигитална трансформација, ваквите настани носат извонредна вредност. Тие создаваат реални услови за учење, експериментирање и професионален раст,“ истакнуваат од Семос Едукација.

Како единствен AWS регионален тренинг партнер, Семос Едукација долгорочно вложува во развој на практични и применливи cloud вештини кои ги следат потребите на пазарот. Семос Едукација претходно го доби признанието Central and Eastern Europe AWS Skill Builder Award, како резултат на силната соработка со компании кои ја користат платформата за усовршување на своите тимови, како и поради континуираниот придонес во развојот на AWS еко-системот во регионот.

Оваа награда ја потврдува стратешката посветеност на институцијата кон квалитетна cloud едукација.

Поради сè поголемата потреба за флексибилен начин на учење, Семос Едукација ја прави достапна глобалната платформа за учење AWS Skills Builder за сите заинтересирани почетници, инженери, компании и AWS професионалци.

Платформата нуди повеќе од 600 дигитални AWS обуки и практични лаборатории, патеки за сертификација и професионално напредување, содржини за почетници и напредни корисници, учење во свое време, сопствен ритам и сопствен стил. Со цел да се поттикне развојот на cloud експертизата во регионот, Семос Едукација ја нуди платформата посубвенционирана, повластена цена.