Загреб, Хрватска, 26. август – Најважната дигитална награда во регионот, СоМо Борач (SoMo Borac), оваа година ќе се одржи по осми пат. Наградата до сега се доделуваше во рамки на Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) во Ровињ, кој заради епидемиолошката ситуација оваа година е одложен. Затоа, оваа година СоМо Борач ќе се одржи онлајн.
Трудовите во рамки на девет категории и понатаму ќе бидат оценувани од голема регионална жири комисија составена од експерти од најдобрите агенции, а рокот за пријавување е продолжен до 14. септември. Цената за пријавите изнесува 69 евра, додека за четири пријавени дела, СоМо Борач овозможува бесплатна петта пријава.
“Се наоѓаме во невообичаена, тешка година во која маркетинг активностите сепак не прекинаа, па дури и беа зголемени во рамки на дигиталните платформи. Навистина ни е драго да видиме различни креативни кампањи со кои брендовите покажаа како паметно се комуницира во овие времиња. Голем број од овие кампањи беа храбри и мотивирачки, а сигурно беа и голема помош и поддршка. Во кризните времиња ваквата комуникација не е едноставно да се осмисли и да се покрене, па се радуваме што ќе имаме можност да ја видиме на овогодинешниот СоМо Борач.“, изјави Ружица Врдољак Личина (Ružica Vrdoljak Ličina) од организацијата на СоМо Борач.
Сите заинтересирани можат да ги пријават своите дела на https://somoborac.com/prijavite-se/.
За повеќе информации за датумот и времето кога ќе ги дознаеме овогодинешните победници, следете го СоМо Борач на социјалните мрежи: Фејсбук (www.facebook.com/somoborac/), Инстаграм (www.instagram.com/somoborac/) и ЛинкдИн (www.linkedin.com/company/somo-borac/).