На 4ти септември на охридската плажа Лагадин 10, ќе имате можност да се запознаете и да се дружите со стартап заедница, да учестувувате во интересни предизвици и игри и да научите како стартапите се забавуваат. А, за најиновативните има награда лет со параглајдинг… бидејки впуштањето во стартап светот подразбира адреналин и храброст како и за првиот лет.
Startup Festival претставува еднодневен настан кој ќе се одржува под мотото: Startups from dusk till dawn.
Програмата комбинира едукативен ден, стартап предизвик и вмрежување.
- 00 – 21.00: Silicon Drinkabout: пијачки и вмрежување
- 00 – 22.30: Едукативен дел: Прв говорник: Петар Ниновски, основач на WeLrn.com.
Се запознавме со Петар пред една година, кога имаше само идеја за стартап кој ќе понуди иновативнa платформа за учење вештини преку куси и ефективни курсеви. Денес Петар има #winning тим, затворено инвестиција и база на корисници на WeLrn.com кои чекаат да се пушти првиот курс.
- Како даде отказ и започна,
- Како изгради тим,
- Како пристапи и доби финансии од CEED бизнис ангелите, Грешките кои ги направи…
се само дел од практичните совети кои ќе ги сподели на настанот.
- 30 – 23.30: Едукативен дел: Втор говорник: Иван Петрушевски, основач на МКХост.
Иван го основаше МКХост кога имаше само 18 години со парите што ги земаше од стипендија. Денес веќе 10 години води успешен бизнис, кој го разби монополот на мк домеини и неодамна изврши аквизиција на eХост.
- Како започна Иван уште во 2005та,
- Како е да се биде ‘армија од еден човек’ во стартап,
- Како ја затвори првата продажба и ги задржа лојални клиентите…
- Како растеше по број на вработени и по клиенти и стигна да аквизира и друга компанија?
…ќе слушнеме од Иван на настанот.
- 30 – 01.00: вмрежување и стартап предизвик
- 00 – изгрејсонце: Страшни стартап приказни
Настанот започнува во 20ч. и ќе трае до раните утрински часови, збогатен со забава, убава музика и прекрасно друштво во стартапски стил.
7 факти кои треба да ги знаете за Summer Startup Festival:
- се случува на плажа, Лагадин 10ка
- трае од зајдисонце (2000h) до изгрејсонце…
- ќе здружи 50тина претприемачи, стартапи, инвеститори
- има стартап предизвик на кој може да добиете награди: ваучер за попуст во Coffice, co-working просторот во центарот на Скопје и бесплатен параглајдинг лет со Вертиго, дечките кои држеа тимбилдинг за Google (сериозно)
- носи гости од StartQube,
- до сега е поддржан од G6, Мунус, Girls in Tech Macedonia, Jägermeister…
Картите за настанот веќе се во продажба по цена од:
- Регуларна карта: 375 MKD (6 Euro)
- Пакет од 3 карти: 800 MKD (13 Euro)
- Пакет од 5 карти: 1200 MKD (20 Euro)
Во цената е вклучен 20% попуст на сите пијалоци за време на настанот.
Картите можат да се купат преку Eventbrite страницата на настанот.
Организатори на настанот се Стартап Викенд Скопје, Startup Grind Skopje, Силикон Дринкабоут и co-working просторот Coffice.
Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jagermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia, Coffice, Red Bull, а повеќе информации и детали во врска со настанот можете да добиете на веб страницата: http://www.startupfestival.foundedin.mk/