Во 1969 година, со историскиот чекор на месечината човештвото скокна во ерата на технолошките можности. Извонредната моќ на технологијата започна да се користи за решавање на сите големи проблеми на човештвото. Ако премотаме брзо до денешниот ден, како и што се случи од тогаш до денес?
Дали мобилните апликации се максималниот потенцијал кој може да покаже каква технологија е креирана и како ја користиме? Дали иднината на решавањето на предизвиците лежи во технологијата и дизајнот базирани на големи податоци (eng. Big Data)?
Дали на светот му се потребни повеќе места каде што тимови ќе се обидуваат да ги решат најголемите проблеми во светот преку експериментални проекти? Меѓудругото и кои технолошки иновации го промениле или ќе го променат светот на подобро?
За овие и уште многу други прашања ќе се дискутира на последниот од серијата шест TED настани под назанаката TEDxSeptemvriskaSesijaSalon кој го посветивме токму на темата “Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици? (Can technology solve humanity’s biggest challenges)”
Целта на настанот ќе биде развивање на дискусија за тоа какви се видови на технологија и технолошки иновации постојат, кои се можните ефекти од нивното користење, примери за тоа какви се форми на технологија постојат и се имаат развиено во последниве години во Македонија и во странство, каков е овој сектор, кое е влијанието на технологијата врз развојот на општеството и младите.Идејата позади настанот е споделување на информации, идеи и заедничко едуцирање на темата технологија.
Настанот ќе се оддржи на 08.06.2016 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје. Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED.
Повеќе детали во однос на експерт гостите, локацијата и деталите може да најдете на нивниот официјален Facebook настан или пак Facebook страна – TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.
Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: http://goo.gl/forms/qSGTlFm4sobRGnuk2
Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 25. Крајниот рок за аплицирање е 06.06.2016, 12:00 часот, пладне.
Поддржувачи
ФИНКИ, Social Innovation Hub, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow, Бизнис Академија Смилевски – БАС,
Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде:
https://www.ted.com/participate/organize–a–local–tedx–event/before–you–start/eventtypes/salon–event
- Аплицирај на: http://goo.gl/forms/qSGTlFm4sobRGnuk2
- Facebook event: https://www.facebook.com/events/890127251133343/
- Капацитет: 25 учесници
- Краен рок за аплицирање: 06.2016, 12:00 часот, пладне.