20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.
Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.
Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ
Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 декември.
Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка.









































