Flickr/Creative Commons

Flickr/Creative Commons

Пушењето е екстремно нездраво, тоа веројатно сите го знаеме (иако некои се тешат дека ништо нема да им биде од истото). Во истражувања направени во САД и другите развиени земји, појавата на рак на бели дробови директно го следи пушењето (и нечистиот воздух, нормално) со 20 години закаснување, што можете да го видите на графиконот подоле.

Smoking_lung_cancer

Затоа многу од пушачите започнаа да се префрлаат на електронски цигари кои ветуваа решение на овој проблем, а во исто време задоволување на зависноста од никотин. Имено, во е-цигарите постои течност која во себе содржи никотин и други додатоци за создавање на арома. Е-цигарата ја загрева течноста до испарување и практично пушачот ја вдишува пареата, а никотинот се пренесува низ белите дробови во крвта.

Иако веруваме дека е-цигарите се навистина побезбедни од обичните цигари бидејќи не се согорува цврст материјал, според резултатите од едно најново истражување, тие за жал сепак не се доволно безбедни. Истражувањето вклучува 51 тип на ароматизирани типови на патрони за е-цигари кои биле тестирани за диацетил, ацетоин и 2,3-пентанедион.

Резултатите се поразувачки: пареата од дури 47 од 51-иот тип на патрони содржела барем една од овие супстанци кои ги гребат белите дробови одвнатре и предизвикуваат бронхиолитис облитеранс, болест за којашто нема лек туку само делумно ефикасен третман, покрај други типови на заболување.

Проблемот е што досега истражувањата околу е-цигарите се концентрираа на никотинот и ова е едно од ретките истражувања кое ги испитува другите супстанци, од кои некои се означени како опасни за респираторното здравје на луѓето.

Решение? Да престанете да пушите. Ако не ви беше јасно досега, да ви повториме пак – електронските цигари нема да ве спасат туку само ќе ве направат да мислите дека живеете здраво. Решението е целосна елиминација на цигарите од животот што ќе ви донесе неверојатни придобивки на квалитетот на животот, намалување на шансите да добиете рак и гордеење со себеси.

Извор: Harvard, TNW

Претходна статијаWhatsApp ќе добие видео повици ?
Следна статијаМакпетрол ја пушти реновираната и со нов концепт бензинска станица Партизанска на која ќе се точи и Метан