Фото: Shutterstock.com

Според невронаучникот, кој порано бил учител, Др. Џеред Куни Хорват, генерацијата родена од 1997 до 2010, популарно наречена Генерација З, е првата која го нарушува „правилото“ според кое секоја наредна генерација е поинтелигентна од родителите. 

До овој заклучок е дојдено врз основа на следењето на податоците кои наводно почнуваат уште од 1800-тите, а Генерацијата З за првпат во историјата покажува послаби способности за задржување внимание, читање, математика, способност за решавање на проблеми и генерално во коефициентот на интелигенција. 

Според Хорват, причината за ваквата ситуација е се почестото учење кое се прави со помош на технологијата, нешто што според него не е во рамките на начинот којшто човековиот мозок учи нови информации. 

Со други зборови, учењето најдобро се одвива преку пренесување на знаењето од страна на други лица, заедно со „длабоко учење“, односно навлегување во темата. 

Во денешно време се почесто учењето се одвива преку кратки извадоци кои се скратена верзија од поголеми научни трудови, а веднаш станува јасно дека тука говориме за „TikTok“ генерациите. 

Иако не можеме да сме сигурни дека ова тврдење е точно, барем не врз основа на еден научник, сепак, гледајќи ги денешните генерации и начинот на којшто учат, а и генерално како ја користат технологијата, ова е нешто што воопшто не нѐ изненадува. 

Своите откритија Хорват ги дава за Комисијата за Трговија, Наука и Транспорт во американскиот сенат, а неговата изјава можете да ја погледнете во продолжение.