Фото: NASA

NASA денеска успешно го лансира нивниот најнов и досега најнапреден вселенски телескоп, James Webb, именуван по администраторот на агенцијата во шеесеттите, важно време на формирањето и развојот на NASA, како и време кога вселенската „трка“ беше една од најважните работи во светот.

James Webb телескопот се смета како наследник на познатиот Hubble телескоп, како и на Spitzer телескопот. Со значително понапредна технологија, се очекува дека Webb телескопот ќе успее да „не врати“ уште подалеку во минатото, најблиску досега до почетоците на формирањето на универзумот.

Според моменталните теории, универзумот започнува со таканаречениот и познат Big Bang, кој се верува дека се има случено пред скоро 14 милијарди години. Со технологијата која ја има вселенската опсерваторија, како што го нарекуваат James Webb телескопот од NASA, треба да може да видиме дури до 100 милиони години од формирањето на универзумот. Тоа е за околу 300 милиони години порано, односно подалеку во минатото од тоа што го овозможуваше Hubble.

Лансирањето на James Webb беше изведено успешно денес, односно 25ти декември 2021 година, од космодромот на Европската Вселенска Агенција во Француска Гвајана во Јужна Америка. Ракетата која е користена за лансирање на телескопот е европската Ariane 5 и истата успешно го донесе James Webb до висина од 120 километри пред да се издвојат.

30 минути по лансирањето, телескопот успешно ја пушта во употреба својата сончева мрежа преку која ќе се напојува во наредните 10 години, колку што е планирано да остане во употреба. Телескопот во наредните шест месеци ќе ја прави потребната калибрација на опремата и поставувањето во планираната орбита околу Сонцето.

Орбитата на James Webb ќе биде на 1,6 милиони километри од Земјата, во синхронизирана орбита заедно со Земјата околу сонцето.

Покрај гледањето најдалеку досега од Земјата, а со тоа и најдалеку во минатото, James Webb ќе има задача да ги гледа и останатите планети во Сончевиот систем, како и планетите во други сончеви системи.

Како начин на гледање ќе се користат високо осетливите инфрацрвени детектори со досега најголема резолуција. Ова ќе му овозможи на телескопот да гледа низ можните пречки со што ќе може да овозможи доста големи детали.

„James Webb Space Telescope ја претставува амбицијата која NASA и нашите партнери ја одржуваат за да не однесе во иднината. Ветувањето на Webb не е да го откриеме тоа кое го знаеме, туку тоа што не го разбираме или уште не можеме да го сфатиме за нашиот универзум. Не можам да дочекам да видам што ќе открие.“ – истакна администраторот на NASA, Бил Нелсон.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаПовеќе од 9.000 родители бараат избор при носење маски во училиштата
Следна статијаОсум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.