Научници од Универзитетот за Наука и Технологија во Хонгконг имаат развиено средство за дезинфекција кое успева да ја заштити површината каде е нанесено дури до 90 дена. Повеќето други средства кои се на база на алкохол и слично, својот ефект го имаат додека не се исушат целосно, по што веќе немаат никаков ефект врз новите бактерии и вируси кои доаѓаат во допир со дезинфицираната површина.
Ова средство се развива веќе повеќе години и веќе е тестирано, а досега немало ситуација кога нешто вакво било потребно. Со средство кое успева да продолжи да ја има својата функција на дезинфекција со денови, а во овој случај и месеци од нанесувањето, може значително да се намали ширењето на вируси, како што е Sars-COV-2.
Доколку едно вакво средство е навистина ефикасно и биде пуштено во масовна продажба, значително би можел да се намали ризикот од пренесување на вируси на места како што се болници, спортски сали, амбуланти и слични места каде има голема бројка на луѓе.
Начинот на којшто функционира ова средство кое е наречено MAP-1 е преку посебен слој направен од полимери кои реагираат на топлина која доаѓа со површините при допир од човек или при допир од страна на капки. При зголемувањето на топлината се ослободува и анти-микробното деојство, а овој начин директно влијае и на времето во кое тоа има ефект.