
Повеќе не мора да замислувате музички систем што може да биде автоматски прилагодуван кон вашето расположение, затоа што тоа е веќе остварливо. #Almostforgot е првото до сега интерактивно музичко видео за песната „Almost Forgot“ на текстописецот номиниран за Греми награда, продуцент и визуелен уметник Џонатан Дејган (Jonathan Dagan) во соработка со пејачката Кели Скар (Kelli Scarr) што може да биде управувано со помош на отчукувањето на срцето.
Видеото е управувано во реално време со помош на ритамот на срцето на слушателот и „оживува“ кога ние ќе посакаме со нашиот допир. Демо верзијата на оваа апликација може да се слушне на неговиот YouTube канал J.Views. Развиено од страна на дигиталната креативна агенција Hello Monday ова интерактивно видео е достапно како бесплатна апликација за iPhone. Ова ново искуство е достапно само за телефоните со Android 5.0 или појаки, со најновата верзија на Chrome.
Во зависност од нашето расположение, се менува и ритамот на срцето и оваа апликација идеално соодветствува на истото. Кога срцето ни отчукува побавно песната се претвора во бавна балада идеална за релаксирање, додека пак ако сте во движење и срцето ви отчукува побрзо, на пример ако вежбате, песната се забрзува следствено со што на слушателот му дава дополнителна мотивација и поттик и го подобрува расположението уште повеќе.
Интересно е да се додаде дека анимациите во видеото исто така соодветствуваат на ритамот на срцето. Креаторот на оваа песна сакаше на слушателите да им понуди нешто необично и индивидуално, така што секој ќе може да си ја создаде неговата лична верзија на песната. Ставајќи прст на задната камера од мобилниот телефон, се детектираат незначајните промени во бојата на кожата како што отчукува срцето. Ова ни овозможува да го користиме срцето како метроном.

Дејган признава дека оваа песна е напишана кога тој доживеал блага депресија. Во процесот на барање нова инспирација тој го отворил своето срце и токму таму добил идеја за ваков вид на музика која може да се управува со помош токму на срцето. Ова докажува дека секое „паѓање“ на мотивацијата е само земање залет за нешто уште поголемо, но само доколку се сака. „Јас имав слаба инспирација…не читав повеќе…скоро и не слушав музика, само слушав песни создадени од стрна на одреден бренд. Јас речиси го заборавив моето срце и откако тоа го сфатив оваа песна самошто стана најбогатото нешто што јас можев да замислам дека ќе го создадам“ – истакнува продуцентот Дејган.

„Овој животен процес создаде чувство за ургентност. Јас бев на врвот од моите прсти, споделувајќи се` што ме инспирираше и што беше реално за мене. Ова го отвори моето срце, ми помогна едноставно да комуницирам со луѓето на кои им е важна мојата музика и ми помогнаа да го усовршам она што вистински ме придвижува“ – додава тој. Дејган е првиот музичар до сега кој сака на сосема нов начин слушателите да имаат клучна улога во неговите песни, а не само да бидат пасивни слушатели. Оваа песна е една од песните од неговиот нов албум „401 Days“ што се очекува да биде издаден на 20 мај. Креирајте ја вашата уникатна и неповторлива верзија на песната Almostforgot и секогаш забавувајте се.
