Временски кристали. Материјал кој звучи дефинитивно како изваден од научната фантастика, но кој е реален и кој може да го промени начинот на кој работат нашите компјутери. Поточно, овој материјал може да е клучот кон создавањето на квантните компјутери, кои ќе бидат стотици пати побрзи од досегашните.

Овие кристали не се само нов материјал, туку се и целосно нова состојба на материја. Затоа и научниците се толку многу горди на нивното откритие. Имено, тие се материја која нема еквилибриум, односно ја менува состојбата на многу прецизни временски интервали, што значи дека постојат во четири димензии – трите просторни и четвртата, време, која ја менува состојбата временските кристали. Оттаму потекнува и нивното име – за да нема забуни, тие немаат ништо со патување низ времето.

До ова откритие е стигнато со испитување на мало парче дијамант, во кое се вградени многу мали неправилности, познати како nitrogen-vacancy (NV), односно директно преведено слободни центри за азот. Потоа, овие неправилности се предизвикани со микробранови, што го вади целиот систем од еквилибриум и придонесува центрите да се превртуваат на прецизни временски интервали.

Временските кристали можеби не можат уште сега да најдат директна примена во квантните компјутери, но можат да најдат примена кај магнетните сензори на пример, кои можат да се искористат за прецизни мерења.

Според научниците од Харвард, кои стојат зад ова откритие, потребни се уште многу истражувања за временските кристали да можат да најдат практична примена во квантните компјутери и квантните сензори.

Извор: Phys, Gizmodo, Wikipedia

Претходна статијаКритична маса #60: Мојата патека не е паркинг
Следна статијаПродавниците на Apple ќе изгледаат сосема поинаку од мај