nyt-with-n6-001

Сигурно многумина од вас користат неколку десетици апликации на својот паметен телефон и знаете колку е тешко да се запаметат сите тие кориснички имиња и лозинки, односно дали сте се логирале со Facebook, Google или сл. Отсега, кај Android телефоните, ова ќе биде олеснето, благодарение на новиот Smart Lock Password Manager, кој ќе овозможи лесна најава во апликациите со вашиот Google профил.

Во почеток, ова подобрување нема да функционира со сите апликации, бидејќи е прво потребно развивачите на апликации да го вградат во нив, за што Google лансираше специјално Smart Lock API. Засега, работи само со неколку, како на пример New York Times, Linkedin и Netflix, каде може да се избере логирање со Google профилот со кој сте најавени на Android уредот и потоа Password Manager-от ќе го направи останатото за вас. И не само тоа, туку ќе има можност и за енкрипција на лозинките за другите сервиси, за Google да не може да ги прочита.

i-o-identity-and-app-invites-marketing-files-001-e1432845553828

Smart Lock Password Manager нема само лесно да ве најавува во апликациите, туку ќе го памти изборот дури и наредниот пат кога ќе ја инсталирате истата апликација, како на пример при купување нов телефон, или пак доколку направите ресетирање на постоечкиот. Исто како што прелистувачите прават со корисничките имиња и лозинките за интернет страните.

Според Google, оваа апликација ќе го зголеми процентот на луѓе кои се најавуваат во апликациите, бидејќи досега, голем дел од нив ги користат без да го направат тоа.

Се разбира корисниците веќе имаат избор од неколку апликации како што е LastPass на пример за слична намена, меѓутоа можеби интегрирано решение од Google ќе привлече дополнителен број на корисници кои што ги чуваат лозинките на овој начин. Сепак голем број на луѓе се’ уште користат слаби лозинки кои што често се истите за повеќе сервис, па ваквиот начин на најавување значително ја подобрува безбедноста на корисниците онлајн.

unnamed

Извор: TechCrunch, Google

Претходна статијаПрвиот автомат за пари кој препознава лица пуштен во Кина
Следна статијаTempescope – Временските услови од надвор пренесени на вашата маса