Processed with VSCO with m4 preset

Пред околу еден месец, кога Microsoft ја најави првата голема надградба за Windows 10 оперативниот систем, потврди дека и телефоните ќе ја добијат во истиот период со компјутерите/лаптопите/таблетите. Сепак, тоа не се случи, но нема да треба да се чека многу – надградбата за телефоните ќе биде достапна за помалку од една недела, веројатно на 9-ти авуст.

“Anniversary Update” ќе биде прилично голема и кај телефоните. Лично сум возбуден најмногу за новата Skype универзална апликација, која наскоро ќе може да се користи за праќање SMS и од телефонот и од компјутерот и која има целосно нов дизајн, прилично е брза и изгледа навистина добро и на помалите и на поголемите дисплеи.

Телефоните секако нема да добијат екстензии за Microsoft Edge, но ќе има неколку други промени кои ќе ве натераат да ја посакате оваа надградба. На пример, кај телефоните кои имаат навигациони копчиња на дисплејот, копчето за „назад“ ќе биде заменето со копче за „камера“ додека сте на “Lock Screen”, со цел побрзо лансирање на камерата.

Од останатите промени, “Settings” сега се дополнително подобрени, со подобар дизајн на иконите до секоја поставка, додека Action Center-от за нотификации ќе го добие истиот дизајн како од десктоп верзијата, со можност за подесување на „важни нотификации“, како на пример оние од мејлот, со цел тие да се секогаш сместени најгоре. Исто така, за чет фанатиците, ќе има и многу, многу нови емотикони.

Со некои телефони, како Lumia 950 и 950 XL, со оваа надградба ќе може и да се плаќа преку NFC чипот, исто како што веќе имаат iOS и Android. За новите уреди пак кои наскоро треба да пристигнат на пазарот, оваа надградба овозможува користење на читач за отпечатоци на прстите – досега во Windows 10 Mobile можевме да видиме само скенер за ирисот на окото.

Од сите овие подобрувања, искрено најмногу се надевам дека Microsoft ќе ги среди „детските болести“ на Windows 10 Mobile и дека апликациите веќе нема да „крашнуваат“ и дека целиот систем ќе биде генерално постабилен. Зошто веќе е време за тоа!

Извор: PCWorld, The Verge, MS Power User

Претходна статијаXiaomi Mi Note 2 ќе има моќни компоненти и закривен “Edge” дисплеј?
Следна статијаMicrosoft HoloLens достапен во „широка“ продажба